В понеделник, 6 март, со почеток во 9 часот, во Венчалната сала, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 26. седница.
На предлог-дневниот ред се пет точки:
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’;
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Поставување на сообраќајна урбана опрема во градот Кочани“;
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Систем за греење во спортската сала во ОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ – с. Оризари“;
- Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изградба на ул. ‘563’ – Лесна индустрија“;
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот плански регион“.
