В четврток, 6 април, со почеток во 11 часот, во Венчалната сала, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 27. седница.
На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Предлог-одлука за донесување Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в. Страна, КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни Рид КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико, КО Бели, Општина Кочани, плански период 2022 – 2027 година
- Предлог-одлука за проширување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
- Измена на Годишниот план за вработување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година
- Предлог-правилник за уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна парична помош на социјално загрозени лица и лица кои се нашле во положба на социјален ризик
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2022 година
- Предлог-одлука за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Кочани, ОУ „Никола Карев“ – Кочани, ОУ „Крсте П. Мисирков“ – Оризари, ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев – Кочани
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2021/2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година
- Информација за квалитетот и здравствената исправност на водата за пиење од системот за водоснабдување
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2022 година
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
- Ценовник на услуги на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на подружница на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2022 година (овластен инспектор за патен сообраќај, овластен инспектор за животна средина и овластен комунален инспектор)
- Извештај за работењето на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-одлука за покренување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Кочани од сите ризици и опасности
- Предлог-решение за дополнување на Решението за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Кочани.