Претставата „Бетон махала“ на аматерскиот театар од Нови Пазар ја доби Гран-при наградата на 51 издание на Драмскиот аматерски театар на Македонија.

Девојките и момчињата од Србија главната награда на престижниот фестивал на македонските драмски аматери ја добија, според оценките на жирито, поради експресивната актерска игра и длабоката хуманистичка порака, играјќи на текст на Баранислав Недиќ, во режија на Бранислав Трифуновиќ и Рифат Рифатовиќ.

Давид Јовановиќ пак, ја доби наградата за најдобра режија и оригинален драмски текст за претставата „Недоразбирање во d-moll“ што ја играа средношколците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“.

Наградата за најдобра ја понесе Адријан Стефанов, кој ја имаше улогата на Старецот во „Столови“ од Ежен Јонеско на ЦК „Бели мугри“ од Кочани, додека за најдобра главна женска улога признанието го доби Сара Илиќ, која се појави во улгата на продуцентот Весна во „Недоразбирање во d-moll“.

Амар Чоровиќ ја доби наградата за епизодна машка улога во претставата „Бетон махала“, а Весна Панаовска за улогата на Фјокла Ивановна во претставата „Женидба“ на Училиштето за театар „Од игра до претстава“ од Скопје е носител на наградата за најдобра епизодна женска улога.

Наградата за сценски иновации и тетатарски експеримент жирито на овогодишниот ДАФ на Македонија и ја додели на Театарската група „Без маска“ при Интимен театар-Битола, за претставата „Барбара, те сакам“, заради оригинален сценски пристап во толкување на актуелни настани и теми кои ги засегаат младите, додека специјално признание за најуспешна претстава му се додели на Патувачки театар „Поклони се и падни“ при КУД „Дримкол“- Вевчани, за претставата „Јованче и Марика“ од Браќата Грим, во режија на Душко Кукоски, заради прецизно осмислена инсценација на познатата бајка за деца.