На 4 декември 2024 година, среда, во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 55. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Предлог-одлука за измена на распоред на средства и проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-одлука за престанок на користење на движна ствар – трансформатор и враќање во сопственост на општина Кочани
- Предлог-одлука за продажба на движна ствар – трансформатор, сопственост на Општина Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење движни ствари две фотоволтаични централи со моќност од 440 kw и 120 kw и опрема за намалување на загубите за вода, на КЈП „Водовод“ – Кочани, без надоместок
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на реконструкција на дел од ул. „Бел Камен“ во рамки на Проектот за поврзување со локални патишта во Република Северна Македонијa
- Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2025 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2025 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2025 година,
- Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2025 година,
- Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2025 година
- Предлог-Правилник за постапка и критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Општина Кочани во областа на спортот
- Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за поддршка на образованието на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за остварување социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на подрачјето на Општина Кочани во 2025 година
- Предлог-програма за одржување на фонтаната „Зрно“ и фонтаната во Градски парк за 2025 година
- Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2025 година
- Предлог-програма за тековно одржување на јавното осветлување во општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2025 година
- Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2025 година
- Предлог-програма за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2025 годинa
- Предлог-програма за сообраќај на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за работа на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2025 година.
Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар.