Советот на Општина Кочани на 13 декември 2019 година (петок), со почеток во 9 часот во Салата на Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 33. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:

  1. Информација за извршување на жетвата и откуп на ориз во општина Кочани и осврт за извршувањето на есенската сеидба на подрачјето на општина Кочани
  2. Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта  за 2020 година
  3. Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2020 година
  4. Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2020 година
  5. Давање согласност на Одлуката за промена на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во КЈП „Водовод“ –   Кочани согласно примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија.
  6. Предлог-програма за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2020  година
  7. Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за  2020 година.
  8. Програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2020 година, набавка, поставување и одржување на урбана пограма, одржување на детски игралишта и одржување на фонтана Зрно за 2020 година.
  9. Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2020 година
  10.  Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2020 година
  11. Предлог- програма  за подршка на образованието во општина Кочани  за 2020 година
  12.  Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести  на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
  13. Предлог-програма за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општината Кочани за 2020 година
  14. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација

 на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година

  1. 15. Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
  2. 1 Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2020 година
  3. Предлог-програма за комуникација на општина Кочани за 2020 година
  4. 18. Предлог- програма за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2020 година
  5. Локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2020 година
  6. 20. Предлог-програма за  работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2020 година
  7. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на  заштитата на животната средина во 2019 година

            22 Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување  на  начинот, условите и постапката за субвенционирање  на граѓаните жители на општина Кочани на дел од тршоците за печки на пелети и за инвертер-клими

  1. Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на  заштитата на животната средина во 2020 година.
  2. Предлог-програма за работа на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Кочани за 2020 година
  3. Предлог-програма за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2020 година.
  4. Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2019/2020 година.
  5. 27. Предлог-одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година.
  6. 28. Предлог-одлука за утврдување критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2020 година
  7. 29. Предлог-решение за формирање Локален младински совет на

општина Кочани.

  1. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проектот Регулација на дел од Кочанска Река
  2. Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање  на проектот Регулација на дел од Кочанска Река
  3. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2020 година.

По исцрпување на дневниот ред, ќе се одржи расправа по Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2020 година.