В понеделник, на 31 јануари 2022 година, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи шестата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве 33 точки:

  1. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2021 година
  2. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  3. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани
  4. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители  на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани
  5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани
  6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување на стипендија на спортист-спортска надеж  на општина  Кочани
  7. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор
  8. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година IV-квартал
  9. Предлог-одлука за давање согласност на договор за примање на донација од Пакомак ДОО Скопје
  10. Предлог-планови за запишување на ученици во прва година во  општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2022/23 година
  11. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување  на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
  12. Извештај за извршен попис на Општина Кочани за 2021 година
  13. Предлог-одлука за расходување и бришење од понатамошна евиденција на постојани средства и ситен инвентар на Општина Кочани
  14. Финансиски извештај од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“
  15. Финансиски извештај од коалицијата „Обнова на Македонија“
  16. Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  17. Предлог-план за дополнување на Планот за јавни набавки на општина Кочани за  2022 година
  18. Давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот  за  исплата на плата на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани
  19. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2021 година
  20. План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
  21. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на  цената на метар кубен геотермална вода
  22. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  23. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  24. Предлог-одлука за донесување План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 4.5 и ГП 4.6 од ДУП на град Кочани, донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 год., со намена Г2 – лесна индустрија и мало стопанство, составени од КП бр.16053/29, КП бр.16053/30, КП бр.16053/31, КП бр.15915/113 и КП бр.15915/137 во КО Кочани, Општина Кочани
  25. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2021 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
  26. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење недвижни ствари-згради, без надоместок, на ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
  27. Верификација на членови на Локален младински совет на Општина Кочани
  28. Предлог-решение за изменување на решение за именување командант, началник и членови на Штабот за заштита и спасување
  29. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
  30. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
  31. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани
  32. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
  33. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Училишниот одбор на СОУ„Љупчо Сантов“ – Кочани.

Седницата ќе започне во 10 часот.