В понеделник, на 31 јануари 2022 година, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи шестата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве 33 точки:
- Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2021 година
- Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување на стипендија на спортист-спортска надеж на општина Кочани
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година IV-квартал
- Предлог-одлука за давање согласност на договор за примање на донација од Пакомак ДОО Скопје
- Предлог-планови за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2022/23 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
- Извештај за извршен попис на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за расходување и бришење од понатамошна евиденција на постојани средства и ситен инвентар на Општина Кочани
- Финансиски извештај од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“
- Финансиски извештај од коалицијата „Обнова на Македонија“
- Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-план за дополнување на Планот за јавни набавки на општина Кочани за 2022 година
- Давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за исплата на плата на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2021 година
- План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
- Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за донесување План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 4.5 и ГП 4.6 од ДУП на град Кочани, донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 год., со намена Г2 – лесна индустрија и мало стопанство, составени од КП бр.16053/29, КП бр.16053/30, КП бр.16053/31, КП бр.15915/113 и КП бр.15915/137 во КО Кочани, Општина Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2021 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење недвижни ствари-згради, без надоместок, на ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
- Верификација на членови на Локален младински совет на Општина Кочани
- Предлог-решение за изменување на решение за именување командант, началник и членови на Штабот за заштита и спасување
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Училишниот одбор на СОУ„Љупчо Сантов“ – Кочани.
Седницата ќе започне во 10 часот.