В среда, на 31 март 2021 година, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 55. редовна седница. На дневниот ред се наоѓаат следниве точки:
- Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбаната опрема, детските игралишта и на фонтаната „Зрно“ во 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2020 година
- Информација за водоснабдувањето и здравствената исправност и квалитетот на водата за пиење од Градскиот водовод
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2020 година
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година
- Предлог-одлука за распоредување на нето-добивката остварена во годишната сметка за деловната 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2020 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023 година
- Предлог-одлука за давање согласност на договор за примање донација од НЛБ банка – АД Скопје
- Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата од Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за продажба на движни ствари – сопственост на СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани
- Предлог-одлука за давање согласност на СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување отпад
- Предлог-програма за измена на Програмата за капитални расходи – набавка на систем за климатизација и озвучување во Мултикултурниот центар
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2020 година
- Предлог-одлука за донесување Изменување и дополнување на ДУП за Градска четврт 9, за проектот „Купи куќа за млади“, блок 8 и 9, КО Кочани, Општина Кочани, плански период 2019 – 2024 година
- Избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈОУБиблиотека „Искра“ – Кочани
- Информација за состојбата со коронавирусот, Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.
Седницата ќе започне во 10 ч.