В среда, на 31 август 2022 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 16. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:

  1. Информација во врска со невремето и настанатите штети од невремето (поплавите) што го зафати Кочани на 24.07.2022 година
  2. Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2021/22 година
  3. Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2022/23 година
  4. Програма за изведување ученичка екскурзија на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за учебната 2022/23 г., заверена со бр. 03-296/2 од 22.06.2022 година
  5. Измена и дополнување на статутот на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани
  6. Измена на Годишниот план за вработување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2022 година
  7. Измена на Годишниот план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2022 година
  8. Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2023 година
  9. Годишен план за вработување на ООУ „Никола Карев“ – Кочани за 2023 година
  10. Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари Кочани за 2023 година
  11. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2023 година
  12. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
  13. Давање согласност за згрижување поголем број деца, односно помал број деца во воспитните групи во ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани
  14. Предлог-одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  15. Давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици и комбинирање паралелки во општинските основни и средни училишта
  16. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година (втор квартал)
  17. Полугодишен извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01.2022 до 30.06.2022 година
  18. Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“ – Кочани бр. 02-247/1 од 15.7.2022 година
  19. Предлог-одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на КЈП„Водовод“ – Кочани
  20. Предлог-одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
  21. Социјален план на Општина Кочани 2022 – 2025
  22. Информација во врска со проектот за изградба на дом за стари лица во општина Кочани
  23. Предлог-одлука за организирање и дефинирање на услови за доставување стока
  24. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување
  25. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Кочани за 2022 година
  26. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
  27. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОУ„Гошо Викентиев Кочани од основачот
  28. Предлог-одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот  „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“
  29. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за користење на службените возила, сопственост на Општина Кочани и полнење на гориво за потребите на Општина Кочани
  30. Информација за измените и дополнувањата на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2022 година.

Седницата ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар во Кочани.