В четврток, 31.08.2023 година со почеток во 12 часот во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 32. седница, на чиј предлог-дневен ред се следниве точки:
- Верификација на мандат на член на Советот на Општина Кочани.
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година.
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2022 година.
- Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2022 -2023 година,
- Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2023 – 2024 година,
- Давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици и комбинирање на паралелки во општинските основни и средни училишта.
- Давање согласност за паралелки со продолжен престој во општинските основни училишта.
- Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ„Св.Кирил и Методиј“-Кочани, ОУ„Никола Карев“-Кочани, ОУ„Крсте Петков Мисирков“- Оризари, ОУ„Малина Попиванова“- Кочани и СОУ „Гошо Викентиев.
- Годишен план за вработување во КЈП„Водовод“- Кочани за 2024 година.
- Предлог- одлука за разработка и спроведување на проектот „Со зелени површини до намалување на аерозагадувањето“
- Предлог- одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година.
- Годишен план за вработување на општина Кочани за 2024 година.
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочни за 2024 година.
- Предлог- одлука за проширување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- решение за изменување на Решението за формирање Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на станбени и на други објекти на подрачјето на општина Кочани
- Предлог- одлука за проширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр.208/2 КО Речани, КП бр.3614 КО Бели, КП бр.1146 КО Пантелеј и КП бр.1147 КО Пантелеј, КП бр.825 КО Тркање и КП бр.826/2 КО Тркање, кои се изградени надвор од плански опфат.
- Предлог- одлука за непроширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградениот објект на КП бр.16929/1 КО Долно Градче, кој е изграден надвор од плански опфат.
- Предлог- одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр.4766/3, КП бр.13045/1, КП бр.14346 и КП бр.14347, КП бр.16529/1 КП бр.16524/2 и КП бр.5514, сите во КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое се изградени објектите утврдена во важечката урбанистичко-планска документација.
- Предлог- решение за изменување на Решението за формирање Комисија за финансии и буџет и локален економски развој.
- Предлог- решение за изменување на Решението за формирање Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.
- Предлог- решение за изменување на Решението за формирање Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата.