В понеделник, 30 октомври 2023 година, со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 36. редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Програма за екскурзии, излети и други вонучилишни активности на учениците за учебната 2023/2024 г.  на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани
  2. Програми за изведување ученички екскурзии за ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
  3. Барање финансиска помош на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за учество на ученици во образовната активност „Евроскола“
  4. Предлог-одлука за определување зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани, згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на Општина Кочани
  5. Предлог-одлука за давање согласност за  донација на движни ствари од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
  6. Предлог-одлука за давање согласност за  договор за донација од „Пакомак“ ДОО Скопје
  7. Извештај за работењето на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2022/23 година
  8. Предлог-програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023/24 година
  9. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за III квартал 2023 година
  10. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2024 година
  11. Предлог-одлука за формирање Локален совет за превенција за подрачјето на општина Кочани
  12. Листа на имиња за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани
  13. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
  14. Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2024 година
  15. Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
  16. Предлог-програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година
  17. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
  18. Предлог-програма за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2024 година
  19. Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2024 година
  20. Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за периодот 2024 – 2026 година
  21. Предлог-одлука за непроширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП бр. 2819, КО Полаки и на КП бр. 509, КО Прибачево, кои се изградени надвор од планскиот опфат
  22. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари, Кочани (од основачот)
  23. Предлог-решение за разрешување член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување „Светлина КО 2022“ – Кочани.