В четврток, на 29 април 2021 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 56. седница. На предложениот дневен ред се наоѓаат 23 точки: 

  1. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал од 2021 година
  2. Предлог-одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари (персонални компјутери), сопственост на Општина Кочани
  3. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
  4. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  5. Предлог-програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  6. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата  на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
  7. Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година
  8. Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023
  9. Предлог-одлука за утврдување приоритетни проекти
  10. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на локален пат  Крушка – Ајдар, втор дел
  11. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот   „Реконструкција на ул ‘Роза Петрова’, втор дел
  12. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот за изградба на   ул .„563“ во Лесна индустрија
  13. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 31.03.2021 година, со финансиски показатели
  14. Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2021 година, од системот за водоснабдување
  15. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2020 година
  16. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2020 година
  17. Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2020 година
  18. Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2020 година и Програма за работа во 2021 година
  19. Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог-мерки за нивно разрешување
  20. Информација во врска со одржувањето на ДАФ во Кочани – 2021 година
  21. Информација за постапката за изработка на Локална урбанистичко-планска документација со намена А3 – групно домување на незгрижени лица
  22.  Информација од ОВР Кочани за ситуацијата со безбедноста, кражбите и разбојништвата во последните два месеца на територија на општина Кочани
  23. Информација за состојбата со коронавирусот, Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.