В четврток, на 28 јануари 2021 година, со почеток во 10 ч. во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 52. редовна седница.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:
- Предлог-планови за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2021/22 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање согласност на СОУ„Љупчо Сантов“ – Кочани за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
- Самоевалуација на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Кочани за периодот 2018 – 2020 година
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа во 2020 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за исплата на плата на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2020 година
- Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2020 година
- Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Информација за активностите на организациите на лица со хендикеп во општина Кочани за 2020 година со програми за работа за 2021 година на сите организации на лицата со хендикеп во општина Кочани
- Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани
- Попис на Општина Кочани – 2020 година
- Предлог-одлука за расходување и бришење од понатамошна евиденција на постојани средства и ситен инвентар на Општина Кочани
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2020 година
- Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година IV-квартал
- Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за одобрување субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани во трошоците за велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Управен одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Надзорен одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на ОУ „Никола Карев“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“с. Оризари – Кочани
- Информација за состојбата со коронавирусот Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.