В петок, на 28 декември, со почеток во 8 ч., во Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 20. редовна седница.

На дневен ред се најавени 22 точки:

  1. Предлог-одлука за утврдување критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта;
  2. 2. Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2019 година;
  3. 3. Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2019 година;
  4. 4. Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2019 година;
  5. 5. Одлука за промена- зголемување на цената на метар кубен геотермална вода;
  6. 6. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за поддршка на образованието во општина Кочани за 2019 година;
  7. 7. Родово одговорна стратегија за одржлив развој на општина Кочани (2019 – 2023);
  8. 8. Предлог-одлука за закуп на простор на медиуми и електронски (интернет) портал и закуп на термини за емитување на различни видови програма согласно приложен медиа план;
  9. Предлог-буџет на Општина Кочани за 2019 година;
  10. 10. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година;
  11. 11. Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2019 година;
  12. 12. Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
  13. 13. План за јавни набавки на општина Кочани за 2019 година;
  14. 14. Предлог-одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани;
  15. 15. Предлог-одлука за утврдување на просечни цени на земјоделско и градежно земјиште по извршени купопродажби од претходна година;
  16. 16. Ценовник за користење на салaтa во СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани;
  17. 17. Предлог- одлука за донесување Урбанистички план вон населено место за изградба на комплекс со основна класа на намена Г2-лесна и незгадувачка индустрија во м.в. Цацков бунар, КО Тркање, Општина Кочани;
  18. 18. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани;
  19. 19. Предлог-решение за запирање на објавувањето на Заклучок во врска со Програмата за спорт на општина Кочани за 2019 година, Бр.09-2671/2 од 13.12.2018 година;
  20. 20. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на Оризарска Река (Масалница) во опфат на селото Оризари, опфатен со Урбанистички план за село Оризари, Општина Кочани;
  21. 21. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на Оризарска Река (Масалница) во делот кој тангира со плански опфат на УПС Мојанци, Општина Кочани;
  22. 22. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на Трканска Река во опфат на село Тркање, опфатен со Урбанистички план за село Тркање, Општина Кочани.