В четврток, на 28 април 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи десеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2021 година
- Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2021 година
- Предлог-одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување
- Измена на Годишниот план за вработување за 2022 година на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
- Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во периодот од 01.01. до 31.12.2021 година
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2021 година
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 31.03.2022 година, со финансиски показатели.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година
- План за изменување на Планот за програми за развој 2022 – 2024
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал 2022 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)
- Одлука за давање на користење без надоместок на движни ствари-таблети на општински основни училишта
- Финансиски извештај за приходи и расходи во изборната кампања за Локалните избори во 2021 година за Либерално-демократската партија.