В среда, 27 септември 2023 година, со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 35. редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2022/23 година
  2. Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2023/24 година
  3. Полугодишна информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани во 2023 година
  4. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за организирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија
  5. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочaни за 2024 година
  6. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот за паркирање на подрачјето на Општина Кочани
  7. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’“
  8. Предлог-одлука за давање на времено користење недвижна ствар без надоместок на Доброволно противпожарно друштво – Кочани
  9. Предлог-одлука за одредување локација за погребување угинати животни на подрачјето на општина Кочани
  10. Информација за управувањето со безбедноста на инфраструктурата на локалните патишта и подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот во општина Кочани
  11. Решение за запирање на објавувањето на: Листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани
  12. Листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани
  13. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорен одбор на ЈОУ„Павлина Велјанова“ – Кочани
  14. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.

На крајот, Советот ќе ја разгледува и Информацијата за измените на Планот за јавни набавки на Општина Кочани за 2023 година.