В среда, 27 септември 2023 година, со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 35. редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2022/23 година
- Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2023/24 година
- Полугодишна информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани во 2023 година
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за организирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочaни за 2024 година
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот за паркирање на подрачјето на Општина Кочани
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’“
- Предлог-одлука за давање на времено користење недвижна ствар без надоместок на Доброволно противпожарно друштво – Кочани
- Предлог-одлука за одредување локација за погребување угинати животни на подрачјето на општина Кочани
- Информација за управувањето со безбедноста на инфраструктурата на локалните патишта и подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот во општина Кочани
- Решение за запирање на објавувањето на: Листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани
- Листа за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорен одбор на ЈОУ„Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
На крајот, Советот ќе ја разгледува и Информацијата за измените на Планот за јавни набавки на Општина Кочани за 2023 година.