В среда, 27 декември 2023 година, со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 39. редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Предлог-буџет на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2024 година
- Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2024 година
- Годишен извештај за користење на средствата од резервите во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на опшштинската администрација на општината Кочани
- Предлог-одлука за проширување на планскиот опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр.11122, КО Кочани и КП бр.681/2, КО Пантелеј, кои се изградени надвор од плански опфат.
За крајот на седницата е планирано годишното обраќање на градоначалникот Љупчо Папазов.