На 26 септември 2019 г., во 9 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 30. редовна седница, со следниот предлог-дневен ред:
- Извештаи за работењето на општинските основи и средни училишта за учебната 2018/19 година
- 2. Годишни програми за работа на општинските основни и средни училишта за учебната 2019/20 година
- Годишен план за вработување за 2020 година и BalancER за 2020 година на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
- Годишен план за вработување на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2020 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2019 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2019 година
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за организирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија
- 8. Предлог-одлука за давање под закуп недвижни ствари, сопственост на Општина Кочани (дел од објект во с. Долни Подлог, дел од објект во с. Грдовци)
- Предлог-одлука за сопствено учество, кофинансирање на проектот „Станицата за пречистување на отпадни води“ – Кочани
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2019 година
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација со која ќе се вклопат бесправно изградените објекти во урбанистичко-планска документација
- Предлог-програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кочани и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема
- Предлог-одлука за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на висината на надоместок за поставување на натписи и рекламни табли – паноа
- Предлог-одлука за донесување Урбанистички план за село Грдовци Општина Кочани плански период 2016-2026 годинаж
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на ОУ„Малина Попиванова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочан
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на ОУ „Никола Карев“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на ОМУ„Ристо Јуруков“ – Кочани
- Анализа на состојбите за бројот на ученици и паралелки како и наставници кои се пред пензионирање, заради намалување на бројот на ученици во општинските основни и средни училишта.