На 26 декември 2024 година, четврток, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 57. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:

  1. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надоместок на движни ствари на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
  2. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надоместок на движни ствари на КЈП „Водовод“ – Кочани
  3. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење без надоместок на движни ствари на ООУ „Никола Карев“ – Кочани
  4. Интегриран локален развоен план на Општина Кочани (2024 – 2027)
  5. Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година
  6. Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2025 година
  7. Предлог-буџет на Општина Кочани за 2025 година
  8. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2025 година.

На крајот на седницата е Годишното обраќање на Градоначалникот на Општина Кочани.

Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.