В четврток, на 25 мај со почеток во 19:30 ч. во Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ концерт ќе одржи пијано дуото Гелебешеви – Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев.

Пијано дуото Гелебешеви ја почнува својата професионална кариера во 2001 година. Во 2008 година го издаде своето прво ЦД, а во 2012 година ја доби наградата Златна лира, што ја доделува Сојузот на музички уметници на Македонија.

На концертот во Кочани Гелебешеви ќе настапат со дела на Шопен, Брамс, Рахмањинов, Хачитуријан и Шабрие.