В среда, на 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили, Општина Кочани ја организира втората велосипедска тура „По патеката на оризот“ на релацијата: Кочани – Долни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани.
На 15-километарската велосипедска тура можат да учествуваат сите љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија, а ќе се спроведе по протоколи за организирање јавни настани во услови на пандемија.
Велосипедската тура „По патеката на оризот“ ќе започне во 16 ч. од Градскиот плоштад во Кочани.
Со овој настан Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност и го поттикнува користењето на превозни средства што не ја загадуваат животната средина. Минатата година во велосипедската прошетка околу оризовите полиња се вклучија околу 200 учесници на различна возраст, меѓу кои беа и високи дипломатски претставници.