В среда, на 22 декември 2021 г., со почеток во 10 ч., во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи четвртата седница.
На предлог-дневниот ред се наоѓа 31 точка:
- Критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2022 година
- Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2022 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2022 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2022 година
- Предлог- програма за комуникација на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2022 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023
- Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за поддршка на образованието на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за млади на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2022 година, набавка ,поставување и одржување на урбана пограма, одржување на детски игралишта и одржување на фонтана ,,Зрно“ за 2022 година
- Предлог-програма контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2022година
- Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2022 година
- Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година
- Предлог-програма за работа на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 годинa
- Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2021/2022 година
- 27. Предлог-програма за сообраќај на општина Кочани за 2022 година
- 28. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-одлука за усвојување на ЛОД методологија – група документи и алатки за транспарентно финансирање на проекти на Граѓански организации во рамките на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLOaD2)
- Предлог-решение за изменување на Решение за формирање Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
- Давање согласност за примање на донација во рамките на Проект „Зајакнување на општинските совети“ кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP, со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.