В среда, на 20 февруари 2019 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 22. седница со следниот предлог-дневен ред:
- Извештаи за успехот и работењето на општинските основни и средни училишта за првото полугодие од учебната 2018/19 година;
- Барање мислење за Програмата за екскурзија во странство за учениците од СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани;
- Барање мислење за Програмата за организација и изведување екскурзија за учениците од III, VI и IX одделение и за Програмата за настава во природа за учениците од V одделение за учебната 2018/2019 година, во ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани“;
- Барање мислење за Програмата за организирање екскурзии за учениците од III, IV и IX одделение и за Програмата за настава во природа за учениците од V оддделение и другите слободни активности во ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани;
- Барање мислење за програмите за изведување ученички екскурзии и настава во природа, за учебната 2018/2019 година за III, V, VI и IX одделение за учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани;
- Барање мислење за Програмата за организирање екскурзии за учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“, с. Оризари – Кочани;
- Барање мислење за Програмата за организирање екскурзии за учениците од ОУ „Никола Карев“ – Кочани;
- Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2018 година и Програма за работа за 2019 година;
- Информација за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишните установи и за ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“;
- Информација за Планот за наводнување во земјоделството на подрачјето на општина Кочани за 2019 година;
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам);
- Извештаи за реализација на Програмите за работа на општинските спортски сојузи: Општински фудбалски сојуз, Сојуз на училишни спортови и Сојуз на спортови на општина Кочани во 2018 година;
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2019 година;
- Информација за аплицирани и реализирани проекти од Општина Кочани до разни институции во периодот јануари – декември 2018 година;
- Предлог-одлука за усвојување на почетниот биланс, годишните сметки за 2018 и 2019 година и извештајот за материјалното и финансиското работењето на Заедничкото јавно претпријатие „Пониква КП-Кочани-во ликвидација“ и одобрување на работата на ликвидаторот;
- Предлог-одлука за бришење од Трговскиот регистар на Заедничкото јавно претпријатие „Пониква КП-Кочани-во ликвидација“ и за разрешување на ликвидатор на ЗЈП „Пониква КП-Кочани-во ликвидација“;
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година.