Советот на Општина Кочани в среда, на 20 мај 2020 г, со почеток од 9 ч. во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ ќе ја одржи 39. редовна седница. На дневен ред се следниве точки:
Предлог- одлука за донесување Урбанистички план вон населено место за изградба на фотоволтаични централи на дел од КП 19/1 и КП 19/2 КО Тркање, Општина Кочани плански период 2019-2029 година;
Предлог- одлука за донесување на Урбанистички план за село Тркање Општина Кочани плански период 2017-2027 година;
Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари Кочани за 2021 година;
Годишен план за вработување на ОМУ „Ристо Јуруков“- Кочани за 2021 година;
Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило,набавка,поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 годинa;
Извештај за реализација на Програмата за за работа на Територијалната противпожарна Единица – Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2019 година;
Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2019 година;
Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2019 година;
Извештај за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2019 година;
Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр. 429/3 КО Пашаџиково;
Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2020 година;
Предлог- програма за изменување на Програмата за уредување градежно земјиште во општина Кочани за 2020 година;
Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот „ Регулација на дел на Кочанска Река“
Предлог- одлука за формирање Мегусекторска работна група за родова еднаквост на Општина Кочани.