Во вторник, на 19 јули 2022 година, со почеток во 8 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 15. редовна седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат две точки:

  1. Предлог-одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“
  2. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување.

Седницата ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар.