На 18 јуни 2026 година, (четврток), со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 15. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Информација за состојбата со боровиот четник на подрачјето на општина Кочани
- Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
- Годишен план за вработување во ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во ООУ „Никола Карев“ – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2027 година
- Годишен план за вработување во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2027 година
- Стратегиска рамка за економско јакнење на жените на локално ниво, 2026 – 2030, Општина Кочани
- Предлог-програма за изменување на Програмата за јавна чистота на општина Кочани за 2026 година
- Барање туторска поддршка на ученици Роми од одделенска настава и обезбедување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кочани
- Информација за состојбата и статусот на фудбалското игралиште во с. Оризари – Кочани
- Давање согласност на договор за донација од Амбасадата на Република Полска.
Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.























