В петок, 17 февруари, со почеток во 10 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 25. седница.

На предлог-дневниот ред се 32 точки:

  1. Разгледување на завршните сметки на општинските основни училишта за 2022 година
  2. Разгледување на завршните сметки на општинските средни училишта за 2022 година
  3. Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2022 година
  4. Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2022 година
  5. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2022 година
  6. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита  на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  7. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани
  8. Информација за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишни установи  и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2022 година
  9. План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2023 година
  10. Давање согласност на Одлуката за промена – зголемување на цената на м3 геотермална вода
  11. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2022 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
  12. Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
  13. Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2022 година и Програма за работа за 2023 година
  14. Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  15. Предлог-одлука за донесување на изменување и дополнување на урбанистички план за село Тркање, со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани, плански период  2021 – 2031 година
  16. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.5946 КО Кочани, КП бр. 5947, КО Кочани, КП бр.11139, КО Кочани и КП бр.11122, КО Кочани
  17. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр. 2819, КО Полаки, КП бр.8813, КО Кочани, КП бр.7985/2, КО Кочани, КП бр.1311/1, КО Бели и КП бр.1311/2, КО Бели, КП бр. 509, КО Прибачево
  18. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр. 8206/1, КО Кочани
  19. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр. 462/5, КО Пашаџиково, КП бр. 8250, КО Кочани, КП бр.1316, КО Тркање, КП бр. 3474/1, КО Тркање, КП бр. 551, КО Лешки, КП бр. 3307, КО Бели, КП бр.1571/2, КО Нивичани, КП бр. 3443/1, КО Бели, КП бр. 3443/2, КО Бели, КП бр. 3444, КО Бели и КП бр. 445, КО Полаки
  20. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2022 година
  21. Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  22. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
  23. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  24. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година
  25. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
  26.  Годишен извештај на општина Кочани за 2022 година
  27.  Буџетски календар за 2023 година
  28.  Предлог-одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
  29. Извештај за реализација на Програмата за работа на Локалниот младински совен на Општина Кочани за 2022 година
  30. Програма за работа на Локалниот младински совет на Општина Кочани за 2023 година
  31. Предлог-одлука за давање на користење дел од недвижна ствар на користење на Локален младински совен на Општина Кочани
  32. Барање за определување надоместок на членовите на управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.