По продолжувањето на мандатот на градоначалниците и на општинските совети, в петок на 16 јуни, со почеток во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе одржи редовна седница.
Според предложениот дневен ред, членовите на Советот ќе разгледуваат 11 точки:
1. Предлог-решение за разрешување членови и за именување членови на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани;
2. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани;
3. Предлог-решение за разрешување вршители на должноста член и за именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани;
4. Предлог-решение за разрешување членови и за именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани;
5. Предлог-решение за разрешување вршител на должноста член и за именување член на Училишниот одбор на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Кочани;
6. Предлог-решение за разрешување вршител на должноста член и за именување член на Училишниот одбор на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани;
7. Предлог-решение за разрешување вршители на должноста член и за именување членови на Училишниот одбор на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани;
8. Предлог-решение за разрешување вршител на должноста член и за именување член на Училишниот одбор на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани;
9. Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани;
10. Предлог-одлука за донесување урбанистички план за село Прибачево, Општина Кочани;
11. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр.116/2, КО Пашаџиково.
Седницата ќе се одржи во Салата на Советот.