В петок, 15 декември 2023 година, со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 38. редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2024 година
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2024 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2024 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2024 година
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година
- Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2024 година
- Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за поддршка на образованието на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2024 година, набавка, поставување и одржување на урбана пограма, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“
- Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Кочани во 2024 година
- Предлог-програма за тековно одржување на јавното осветлување во општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2024 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Поставување на сообраќајна урбана опрема во градот Кочани“
- Предлог-одлука за утврдување приоритетни проекти
- Предлог-одлука за утврдување приоритетен проект
- Предлог-програма за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2024 годинa
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за сообраќај на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-план за изменување на План на програми за развој на општина Кочани за период 2024 – 2026 година
- Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на опшштинската администрација на Општина Кочани
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, ОУ „Никола Карев“ –Кочани, ОУ „Крсте П. Мисирков“ – Оризари, ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на ОУ„Никола Карев“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување член на Училишниот одбор на СОУ„Љупчо Сантов“ – Кочани.
На крајот на седницата ќе се одржи расправа по Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2024 година.