На 14 јуни 2024 година, со почеток во 12 ч., во салата во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 47. редовна седница.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот Плански Регион за 2023 година
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот Плански Регион за 2023 година
- Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2023 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2023 година
- Дополнување на Критериумите за распределба на блок-дотациите на општинските основни и средни училишта за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2023 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2024 година, набавка, поставување и одржување урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на јавно осветлување во Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2024 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2024 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-план за изменување на План на програми за развој на општина Кочани за период од 2024 – 2026 година
- План за изменување на Годишниот план за вработување во Општина Кочани за 2024 година
- Годишен план за вработување во Општина Кочани за 2025 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година (ребаланс)
- Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбана опрема, одржување детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2023 година
- Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
- Предлог- одлука за давање финансиска помош на Здружение за помош и поддршка на талентирани ученици и млади Бистри умови – Кочани.
- Предлог- одлука за престанок на користење на движна ствар и враќање во сопсвеност на општина Кочани
- Предлог-одлука за продажба на движна ствар – компактна бетонска трафостаница, во сопственост на Општина Кочани
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Партерно уредување на ООУ Раде Кратовче“
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Уредување на паркот во месноста Бавчалук“
- Давање согласност на Меморандумот за соработка помеѓу Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Општина Кочани.