В среда, 14 декември 2022 година, со почеток во 16 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 22. седница.

Предлог-дневниот ред е со шест точки:

1.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година

2.Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка

3. Предлог-одлука за формирање заедничка комисија за МОС помеѓу Општина Кочани и Општина Берово, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Зрновци, Општина Карбинци, Општина Штип, Општина Македонска Каменица, Општина Пехчево, Општина Пробиштип и Општина Чешиново-Облешево

4. Предлог-решение за именување членови на заедничка комисија за МОС помеѓу Општина Кочани и Општина Берово, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Зрновци, Општина Карбинци, Општина Штип, Општина Македонска Каменица, Општина Пехчево, Општина Пробиштип и Општина Чешиново-Облешево

5. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Штип

6. Предлог-решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Штип.