В четврток, на 14 април 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи деветтата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Предлог-одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување
  2. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот Плански Регион за 2021 година
  3. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот Плански Регион за 2021 година
  4. Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2021 година и Програма за работа за 2022 година
  5. Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани
  6. Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на Општина Кочани за 2021 година
  7. Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година
  8. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2021 година
  9. Информација за квалитетот и здравствената исправност на водата за пиење од системот за водоснабдување
  10. Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2022 година, од системот за водоснабдување
  11. Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2021 година
  12. Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  13. Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2021 година
  14. Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2021 година
  15. Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог-мерки за нивно разрешување
  16. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  17. Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани во 2021 година
  18. Извештај за реализација на Програмата и активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година
  19. Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  20. Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на општина Кочани во зимски услови за 2020/21 година
  21. Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2021 година
  22. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2021 година
  23. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година
  24. Предлог-одлука за основање Општински совет за социјална заштита
  25. Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2021 година
  26. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2021 година
  27. Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2021 година
  28. Предлог-одлука за давање согласност на Договорот за примање  донација од ПЕСТАЛОЗЗИ Фондација детско село Троген – Швајцарија, Подружница во Република Македонија, Скопје
  29. Предлог-одлука за давање на времено користење дел недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани, без надоместок на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми Национални шуми ПО Скопје
  30. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2021 година
  31. Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување услови во врска со вршење на автотакси превоз на патници на подрачјето на општина Кочани
  32. Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Гази Баба за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба
  33. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба
  34. Предлог-решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Гази Баба
  35. Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.