Во вторник, 14 ноември 2023 година, со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 37. редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Програми за изведување ученички екскурзии во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочани, во учебната 2023/24 година
  2. Програми за изведување ученички екскурзии во ООУ „Никола Карев“ – Кочани во учебната 2023/24 година
  3. Програми за изведување ученички екскурзии во ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани во учебната 2023/24 година
  4. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 30.09.2023 година
  5. Предлог-одлука за определување зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани, згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на Општина Кочани
  6. Предлог-одлука за непроширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП бр. 2819, КО Полаки и на КП бр.509, КО Прибачево, кои се изградени надвор од плански опфат
  7. Предлог-програма за изградба на јавно осветлување во Општина Кочани за 2023 година
  8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Кочани за 2023 година
  9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2023 година
  10. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  11. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
  13. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2023 година
  14. Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2023/24 година
  15. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на   Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година
  16. Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период од 2023 – 2025 година
  17. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање  на проектот  „Уредување на СРЦ Пониква“
  18. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година (ребаланс)
  19. Предлог-одлука за основање на Јавна општинска установа Младински културен центар – Кочани