На 13 ноември 2024 година, среда, во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 54. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:

  1. Програми за изведување ученички екскурзии и излети и други вонучилишни активности за учебната 2024/25 година на ООУ „Никола Карев“ – Кочани
  2. Програма за изведување ученички екскурзии и излети и други вонучилишни активности за учебната 2024/25 година на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочани
  3. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за период од 01.01.2024 година до 30.09.2024 година
  4. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2025 година
  5. Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2025 година
  6. Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2025 година
  7. Предлог-програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година
  8. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2025 година
  9. Предлог-програма за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2025 година
  10. Предлог-програма за одржување локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2024/25 година
  11. Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период 2025 – 2027.

Седницата ќе се одржи во салата на Советот на Општина Кочани во Мултикултурниот центар.