На 11 јуни 2021 година, со почеток во 8 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 58. редовна седница. На предложениот дневен ред се наоѓаат осум точки:

  1. Информација за извршување на пролетната сеидба на подрачјето на општина Кочани во 2021 година
  2. Предлог-одлука за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за ГП А105.1, односно КП 15407/3, ГП A 105.2, односно КП 15405/2, ГП A104.4, односно КП 15409/2, ГП А104.5, односно КП 15409/4 и ГП  А104.6, односно КП 15407/2, КО Кочани, од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (Донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998г.)
  3. Предлог-план за спречување на корупцијата во Општина Кочани за 2021 година
  4. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација за парковско уредување на просторот на ГП 2.58 (дел од КП бр.13073/2 КО Кочани, дел од КПбр.13074/5 КО Кочани и дел од КП бр.1346/3 КО Кочани), сопственост на Република Северна Македонија
  5. Конкурс за изработка на идејно решение за изменување на  грбот и знамето на општина Кочани
  6. Барање дозвола за употреба на името на градот Кочани во името на Здружение за заштита на животната средина Одбор за здрав живот во Кочани, Кочани
  7. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
  8. Годишен план за вработување на ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани во 2022 година.