Четиринаесеттата седница на Советот на Општина Кочани, која првично беше закажана за 8 јули 2022 година, ќе се одржи в сабота, на 9 јули, со почеток во 7 часот.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2022 година во периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација во Општина Кочани за периодот од јануари до јуни 2022 година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за II квартал 2022 година
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
- Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ООУ„Раде Кратовче“ – Кочани за 2023 година
- Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Општина Кочани
- Предедлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на Општина Кочани
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавното осветлување
- Давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавното осветлување „Светлина Ко 2022“ – Кочани
- Изменување на Годишниот план за вработување на Општина Кочани за 2022 година
- Годишен план за вработување на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-одлука за долгорочно задолжување на Општина Кочани во деловна банка
- Програма за работа на Доброволното противпожарно друштво – Кочани
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка со општините: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Кочани, Карбинци, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново-Облешево
- Предлог-решение за именување член во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општините: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Кочани, Карбинци, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново-Облешево
- Предлог-одлука за давање согласност за намената на инвестицијата „Изградба на пристапен пат до земјоделско земјиште во Оризари м.в. Мал Мишјак“
- Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изградба на пристапен пат до земјоделско земјиште во Оризари м.в. Мал Мишјак“
- Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од Друштвото за производство, промет и услуги ВТ Продакшн ДООЕЛ Скопје
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани од Советот на родители
- Предлог-решение за разрешување на членовите и именување членови на Одборот за доделување награди на општина Кочани
- Предлог-решение за изменување на Решението за формирање Комисија за финансии, буџет и локален економски развој
- Предлог-решение за изменување на Решението за формирање Комисија за земјоделие
- Предлог-решение за изменување на Решението за формирање Комисија за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита
- Предлог-решение за изменување на Решението за именување командант, началник и членови на Штабот за заштита и спасување.
Седницата ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар.