Во текот на изминатиот викенд 3 и 4 декември, во просториите на Општина Кочани беа спроведени Отворени денови за средби со граѓаните, на кои присутните имаа можност да предложат идеи и проекти за оформувањето на Буџетот за 2023 година.

Воедно се известуваат граѓаните дека Отворени денови за средби со граѓаните за прибирање предлози за следната буџетска година ќе се спроведат и во текот на наредниот викенд – 10 и 11 декември, во периодот од 11 до 14 часот во салата за состаноци во зградата на Општина Кочани.