В четврток, 10 јули 2025 година, ќе спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.
Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја реализира втората фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
По барање на Општина Кочани, избраниот економски оператор, в петок, 11 јули, ќе изврши рачно третирање против инсекти на локации каде што ќе се одвиваат настани по повод Петровден: СРЦ „Бавчалук“, на зелените површини пред Црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ и во Градскиот парк во Кочани.
Третирањето ќе се изведува со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.
