Организаторите на Првиот меѓународен ролер-ски натпревар, што се одржа на Пониква, денеска ги доделија наградите на најуспешните натпреварувачи.

 

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој го поздрави овој натпревар на Пониква и неговото влегување во календарот на Скијачката федерација, со што се создаваат нови можности за развој на спортскиот туризам на Осоговските Планини.

 

Во оваа дисциплина во нордиското скијање којашто се реализира со поддршка на Скијачката федерација на Македонија годинава учествуваа 62 натпреварувачи од пет држави: Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина.