Подвижниот музеј, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната, инструментите – државниот ансамбл „Танец“ одржа концерт во Кочани.
Во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, кочанската публика имаше можност да проследи дел од богатиот репертоар на професионалниот ансамбл за народни песни и игри.
Под раководство на Милан Завков и во асистенција на Бајса Арифовска оркестарот на „Танец“ исполни познати ора, а вокалните солисти претставија и дел од македонските народни песни.
Кочани е еден од петте градови во Македонија, покрај Тетово, Гостивар, Ресен и Пехчево, каде што „Танец“ одржува концерти овој месец.