Во организација на Националната федерација на фармери на Македонија, в петок на 29 ноември 2019, со почеток во 14 ч., во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи работилница со жените од руралните места во Кочанско.
На средбата ќе биде презентирана мерката 115 „Поддршка на активен женски член во земјоделското домаќинство“ како дел од Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој“ за периодот од 2018 до 2022 г. Со оваа мерка Министерството за земјоделство доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС. Мерката придонесува кон родова еднаквост и кон промовирање на принципот на недискриминација.
Работилницата во Кочани опфаќа презентации и на теми за човековите права и родовата рамноправност, а можат да ја следат сите заинтересирани.