На самитот на тема „Жените во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“, во соработка со Министерството за економија и Националната платформа за женско претприемништво беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2023 година.
Наградата за жена претприемач во категоријата микрокомпании ја доби Бранка Настевска од Кочани, сопственичка и управителка на Друштвото за производство, трговија и услуги „Настевски ЛБ“, која според податоците од Централен регистар исполнила најмногу од зададените критериуми за изборот.
Во панел-дискусијата за Улогата на националните, регионалните и локалните институции во јакнењето на женското претприемништво, учествуваше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој ја истакна важноста на координираното дејствување на сите институции заради подобра ефикасност и ефективност на применетите мерки.