НАДОМЕСТОК НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ

Надоместокот за членови на Совет на општините се исплаќа по Законот за исплата на плати и надоместоци.

Општина Кочани спаѓа во групата општини меѓу 25 000 и 50 000 жители, во кои надоместокот за членови на Советот е 60 % од просечната исплатена нето-плата во Република Северна Македонија за претходната година.

Просечната исплатена нето-плата за 2020 година во РСМ изнесува 27.182 денари.

Претседателот на Советот на Општина Кочани за присуство на седница му се исплаќа додаток од 30 % од просечната нето-плата за претходната година.