На 5 јуни 2025 година Општина Кочани во партнерство со Еко Логик-Скопје организираше уште една едукативна работилница во рамки на проектот PRepare посветена на темата одржлив туризам.
Настанот се одржа во Хотел Сити Ин Кочани и беше наменет за средношколци и наставници од двете средни училишта и вработени во Општина Кочани.
За време на работилницата ја претставивме програмата за е-учење за одржлив туризам, развиена во рамки на PRepare проектот,преку интерактивна презентација и дискусија, учесниците добија можност да научат повеќе за туристичкиот сектор, потенцијалот за вработување и можностите за развој на локални иницијативи поврзани со одржливи практики.Со своја приказна за локална туристичка понуда и вработување на млади се представи и Хотел Сити -Ин и на крај учениците развија свои бизнис идеи како до подобра туристичка понуда за Кочани.
Работевме на развивање на креативни идеи за зелен туризам, со фокус на промоција на природните, културните и гастрономските потенцијали на Кочани и вработување на млади.
Учениците од СОУ “Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани предложија конкретни активности и пристапи за привлекување туристи, со акцент на заштита на животната средина ,локалниот идентитет и можности за вработување на млади.
PRepare проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата. Проектот се реализира во соработка со партнери од Турција, Италија, Грција и Македонија и има за цел да ги поддржи младите и локалните заедници во развојот на капацитети за одржлив туризам.
























