Градоначалникот на Општина Кочани Николчо  Илијев беше дел од официјалната делегација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност  Саше Тасевски, која денеска ги  посети  децата и семејствата на загинатите бранители, во одморалиштето на МВР на Пониква.

На средбата  со децата и семејствата на бранителите кои го минуваат  зимскиот одмор на Пониква, министерот Спасовски го изрази своето задоволство што има можност да се сретне со нив за да поразговараат  околу актуелни прашања од важност за нив. Спасовски истакна дека тој и раководството на МВР се нивни пријатели и поддржувачи и дека тоа партнерство бескопромисно  продолжува и во иднина.

– Задоволство ми е што можете да зимувате на падините на Осоговските Планини. Знам дека и порано сте престојувале овде и се надевам дека можете да ја препознаете разликата од претходно во однос на подобрувањето на зимско-рекреативните услови. Ќе продолжиме да ја развиваме Пониква и соодветно да одговориме на потребите на посетителите и рекреативците – рече во своето обраќање градоначалникот Илијев.