Министерот без ресор задолжен за имплеметација на Стратегијата за ромски прашања, Аксел Ахмедовски вчера го посети Кочани, со цел да се запознае со тековните инфраструктурни активности што се финансираат со средства од ова министерство. Со претставници од Општина Кочани и од ромската заедница, Ахмедовски изврши увид во градежните работи на улицата „Стамен Манов“ каде се работи на асфалтирање на два крака, се градат два потпорни ѕида и еден крак од улицата е бетониран.
Во овој дел на Кочани со средства од Министерството ќе се гради и улицата „Блаже Поп Арсов“, потоа крак 1 – исток од „Стамен Манов“ и ќе се реконструира дел од улицата „Славчо Стоименов“.
За сите овие инфраструктурни проекти се добиени вкупно 6.300.000 денари, пари од државниот буџет.