
На крајот на август, во манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј се одржува истоимената Детската меѓународна ликовна колонија.
Во организација на Општина Кочани, а под менторство на академскиот сликар м-р Александра Димитрова, ликовно се изразуваат петнаесетина учесници – ученици од различни градови на државата и збратимени општини Кочани од други држави.Делата од колонијата се изложуваат во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.