Во саботата во Кочани се одржа Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги поздрави присутните и учесниците натпреварувачи од земјава и странство во машка и женска конкуренција, кои беа во голем број.

Борачите на „Спартак“ освоија седум медали од кои пет во машка – 1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен и две во женска конкуренција – 2 златни.

Медалите ги освоија:
Филип Ангелов – златен медал
Даријан Павлев – сребрен медал
Милан Трендов – сребрен медал
Михаил Ангеловски – сребрен медал
Андреј Соколов – бронзен медал
Славица Митева – златен медал
Стојана Митева – златен медал

Во изборот на најдобри борачи, комисијата ги прогласи:
Најдобар странски борач – Атанас Костадинов (Бугарија)
Најдобар техничар – Алихан Мутазе – Шкупи
Најдобар домашен борач – Даријан Павлев – Спартак
Најдобар борач на турнирот–Филип Ангелов – Спартак

Овој меѓународен меморијален турнир во борење е поддржан од Програмата за спорт на Општина Кочани.