Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ потпишаа меморандум за соработка за реализација на феријалната практика за учениците од модулот економски техничар. Шеесет и четири ученици добија можност да ја реализираат одложената феријална практика за 2019/20 година.
– Со претставници на Економскиот актив, со сите професори што предаваат во прва година, направиме амбициозна програма и со менаџерскиот тим на „Амфенол технолоџи Македонија“ договоривме реализација на десетдневната феријална практика – соопшти Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.
Според Сашко Наков, директор на „Амфенол технолоџи Македонија“, ваквиот начин на соработка е од интерес на сите вклучени.
– Се надевам дека со праксата учениците ќе можат до допрат до суштинските знаења за нивното работење, а наш интерес е да ја афирмираме компанијата да стане поблиска до учениците. Како општествено одговорна компанија и во услови на Ковид-19, сметаме дека ова е мотив плус да излеземе во пресрет на училиштето и на Локалната самоуправа. Се надевам на успешна реализација – изјави Наков.
На потпишувањето на меморандумот за соработка присуствуваше и градоначалникот Николчо Илијев.
– Ова е важен момент за средното стручно образование, бидејќи практичната настава е многу значајна во образувањето за учниците, но и за компаниите. Без практичното знаење немаме ниту добри работници, ниту имаме добри компании. На тој начин ги подготвиме учениците за идните работни места – истакна Илијев.